Connect with us

Тијаго Силва потпиша нов договор со Челси

Бразилскиот ас Тијаго Силва потпиша нов договор со англискиот премиерлигаш Челси. Тој го продолжи договорот за уште 12 месеци и се обврза на соработка до јуни 2024 година.


„Кога првпат потпишав со Челси, мојот договор беше на само една година. Сега ќе останам во Лондон четири години. Никогаш не замислував вакво нешто, но за мене е посебен момент што повторно потпишав и останав тука“, изјави Тијаго Силва по потпишувањето на договорот.


Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови