Бразилскиот Флуминенсе сака да го ангажира централниот дефанзивец на Челси, Тијаго Силва, на крајот од сезоната, пренесува „The Evening Standard“. Спортскиот директор на Флуминенсе, Фред, веќе призна дека ангажманот на ветеранот би бил трансфер од „соништата“ за неговиот клуб.
Договорот на 39-годишниот Силва со Челси истекува на крајот од сезоната и „сините“ веќе бараат негова замена, бидејќи не планираат да му понудат нов договор.
Се верува дека Лени Јоро од Лил го привлече вниманието на клубот од „Стемфорд Бриџ“ по неговата одлична сезона во Франција. Сепак, Челси не е единствениот тим кој има интерес за 18-годишниот Французин, бидејќи Пари Сен Жермен и Реал Мадрид исто така внимателно ги следат неговите настапи.
Усман Диоманде од Спортинг Лисабон и ѕвездата на Ница, Жан-Клер Тодибо, се другите имиња во потесниот круг на Челси за нов централен дефанзивец. На лето „сините“ ќе бараат и нов напаѓач, но и лев бек.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













