Фудбалскиот второлигаш Тетекс достави официјално барање до Државниот Инспекторат за Локална самоуправа за стопирање на одлуката од 2016 година со која Градскиот стадион во Тетово е даден на 35 – годишно користење на компанијата „Еколог“ која е генерален финансиер на ФК Шкендија.
„Проблемите за Градскиот стадион во Тетово продолжуваат. Доста е. Бараме решение од страна на државните институции во Македонија. Борбата ќе ја продолжиме по секоја цена, нашиот дом односно храм е во Тетово!“ – се вели во реакцијата на ФК Тетекс.
„Бараме од вас итно да ни биде доставена одлуката на Советот на општина Тетово, записникот од извршениот инспекциски надзор и Одлуката за запирање на примената на донесената одлука“, истакнува ФК Тетекс во барањето до Државниот Инспекторат за локална самоуправа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













