
Каталонскиот гигант Барселона има сериозни финансиски проблеми. Сè што направија досега не е доволно, па дури ни фактот дека Меси се откажа од половина од платата за да му олесни на клубот кој тоне во долгови.
Пике и Серхи Роберто треба да го сторат истото, но и покрај тоа клубот нема да може да ги регистрира новите засилувања, сè додека дополнително не го намали буџетот за плати.
Во идеален свет, Дембеле и Кутињо, кои имаат астрономски плати, би го напуштиле клубот, а клубот би заштедил повеќе од 40 милиони евра за нив. Но, Дембеле е повреден, а неговиот договор истекува следната година, сега никој нема да го купи. Што се однесува до Кутињо, тој бара клуб, но без никакви шанси да најде ангажман каде би имал плата иста како во Барселона.
Пјаниќ е на излезна врата, но клубот ќе мора да го пушти без отштета, за да се спаси од неговата плата од 8 милиони по сезона.
Поради сето ова, Барселоа ќе мора да го жртвува Гризман, кој зафаќа огромна ставка во буџетот, заработува 20 милиони евра со бонуси. Ако направеа размена за Саул, ќе заштедеа околу 11 милиони евра нето.
Но, се чини дека Гризман не е единствениот стандарден играч кој мора да си замине. Според информациите од шпанските медиуми, Барселона бара купувачи за Сержињо Дест. Тој би можел да заврши во Баерн или Интер кои се во потрага по десен бек, додека Ленгле го привлече вниманието на Евертон, но и на Тотенхем. Нема интерес од други клубови за Умтити, пред се поради платата, но и честите повреди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
