Connect with us

Тео Волкот стави крај на кариерата

Поранешниот англиски репрезентативец и долгогодишен фудбалер на Арсенал, Тео Волкот, објави крај на кариерата. Тој се повлече од игра на 35 години откако му истече договорот со Саутемптон.

„Ќе ги закачам копачките на клинец. Страшно е чувството, не можам да лажам… Страшно е бидејќи фудбалот е сѐ што знам од мојата 16. година, можеби и порано. Сакам да пробам други работи, што не сум ги доживеал како дете, а ми недостасуваа многу. Сакам да го искусам животот“, изјави Волкот.

Во Премиер – лигата одигра 397 натпревари за Арсенал, Евертон и за Саутемптон и постигна 80 гола со 64 асистенции. За англиската репрезентација забележа 47 настапи и постигна осум гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови