
Левиот бек на Милан, Тео Хернандез, ја изрази својата радост од рекордот што го постигна со својот гол во победата од 2-1 против Комо.
Францускиот репрезентативец стана најдобар стрелец во Серија А меѓу сите дефанзивци во историјата на „росонерите“, откако постигна вкупно 30 голови, со што го надмина претходниот рекорд на легендарниот Паоло Малдини, кој како директор го донесе на „Сан Сиро“.
„Среќен сум што испишувам историја тука. Во Милан ме примија одлично уште од првиот ден. Да го надминам мојот идол Паоло е неверојатно. Сега треба да продолжиме вака, а јас да продолжам со постигнување голови. Сметам дека она што треба да го промениме е начинот на кој ги започнуваме натпреварите. Почнуваме премногу меко, а тоа не е добро. Во второто полувреме играме со поголем интензитет и агресивност. Нашето моментно место на табелата не е соодветно. Ние сме Милан и треба да бидеме на врвот. Имавме тежок период, но се надеваме дека со освојувањето на Суперкупот и со оваа победа ќе успееме да се пласираме во Лигата на шампионите“, изјави Тео Хернандез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
