
Сериозна криза го погоди Манчестер Јунајтед уште пред да започне сезоната во Премиер – лигата. Овој викенд ќе биде означен официјален старт на фудбалската сезоната во Премиер – лигата, со финалето за „Комјунити Шилд“ меѓу екипите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
За натпреварот во недела „црвените ѓаволи“ имаат само тројца здрави одбранбени играчи, па најверојатно менаџерот Ерик тен Хаг ќе мора да преквалификува некоја од ѕвездите за мечот против „граѓаните“.
Новата аквизиција Лени Јоро имаше несреќа да се повреди за време на турнејата на тимот во САД и по извршената операција, ќе биде отсутен од терените најмалку три месеци.
Единствените целосно здрави дефанзивци за Манчестер Јунајтед во моментот се Диого Дало, Лисандро Мартинез и Џони Еванс.
Хари Мегваер има проблеми, како и Виктор Линделоф. Арон Ван-Бисака и Лук Шо имаат само еден натпревар од февруари и е многу веројатно дека нема да бидат ризикувани во текот на викендот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
