Connect with us

Тен Хаг: Сега треба Манчестер Јунајтед да покаже карактер

Манчестер Јунајтед повторно одигра лош натпревар и загуби со 1-3 од тимот на Брајтон на домашен терен на „Олд Трафорд“.


Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, го коментираше поразот и истакна дека промената целосно зависи од тимот.


„Не сме во криза, но многу сме разочарани од самите себе. Мора да го смениме овој тренд. Тоа зависи само од нас. Почнавме добро, создадовме шанси кои требаше подобро да ги искористиме. Дефинитивно сум загрижен, но го гледам и начинот на кој играме. На крајот на денот се работи за карактерот и сега треба да видиме колку сме силни, да се држиме заедно“, изјави Ерик тен Хаг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови