Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, стави крај на сите шпекулации околу иднината на Кристијано Роналдо. Португалецот ќе остане на „Олд Трафорд“ и во оваа сезона.
„Роналдо дефинитивно останува со нас. Потребни ни се квалитетни играчи за да бидеме конкурентни на сите натпревари од почетокот на сезоната. Иста е и ситуацијата со Ван Бисака. Сите играчи кои се денес тука, ќе остана со нас од септември најмалку до средината на јануари“, изјави Тен Хаг.
Агентот Жорге Мендеш упорно се обидуваше да му пронајде нов клуб на Кристијано Роналдо со кој би можел да настапува во Лигата на шампионите, но тоа не се реализираше.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













