
Важните фигури во Манчестер Јунајтед, кои денеска одржуваат стратегиска средба во Лондон, донеле одлука повторно да ја дадат својата поддршка на менаџерот на тимот, Ерик тен Хаг.
„Црвените ѓаволи“ немаат победа во последните пет натпревари и запишаа најлош старт на сезоната во Премиер – лигата, освојувајќи само осум бода во првите седум натпревари
.
Поради овие околности, вчера во медиумите на Островот повторно се најавуваше дека на „Олд Трафорд“ се размислува за Томас Тухел како заменик на Тен Хаг.
Според „ЕСПН“, сер Џим Ретклиф, Омар Берада и Дан Ашуерт, кои донесуваат одлуки поврзани со фудбалските прашања во клубот, решиле да му дадат на Холанѓанецот уште време за да видат дали ќе може да го промени текот на сезоната.
Според „Скај Спорт“, никој од раководството на Манчестер Јунајтед не контактирал повторно со Тухел, откако Ретклиф имал состанок со Германецот минатото лето, кога тој изјавил дека претпочита да се одмори од фудбалот.
Според информациите од англиските медиуми, Тен Хаг не само што не се чувствува загрозен, туку ќе има и краток одмор за време на паузата за националните репрезентации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
