Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Tен Хаг, ја коментираше победата на „црвените ѓаволи“ против Барселона во мегапресметката од Лигата на Европа. Тој потенцира дека тоа е најголемиот триумф на неговиот тим оваа сезона.
Според стратегот, дел од успехот лежи во тоа што неговите играчи биле на вистинските места во вистинско време.
„Имавме големи победи досега оваа сезона. Против Ливерпул, против Арсенал. Тоа беа навистина добри натпревари, но мислам дека победата против Барселона ни е најважна досега. Навистина е голем успех, затоа што верувавме во таков епилог. Тоа го постигнавме бидејќи напаѓавме конкретно и ги погодивме нашите удари во вистински моменти. На вакви натпревари најчесто се работи за концентрација во секој поединечен аспект од играта, бидејќи динамиката нагло ја менува играта“, коментираше Тен Хаг по завршувањето на натпреварот.
Манчестер Јунајтед се пласираше во осминафиналето на Лига Европа, кое ќе се одигра на 9 и 16 март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













