
Со пресвртот од 0-2 до 3-2 на „Олд Трафорд“ против Астон Вила, тимот на Манчестер Јунајтед ја прекина серијата од пет натпревари без победа. „Црвените ѓаволи“ ги израдуваа своите навивачи против еден од хитовите на сезоната во Премиер – лигата, а менаџерот Ерик тен Хаг не пропушти да ги пофали играчите.
„На паузата губевме со два гола, кои ги добивме по статична ситуација и недоволна концентрација. Сепак, одигравме силно и во првото полувреме. Во паузата им реков на момците: „Продолжете да верувате и правете ги работите на ист начин, уште подобро“. Моравме да извршиме притисок на противникот и видовте што се случи кога при 1-2 уште повеќе го подигнавме темпото“, изјави Тен Хаг.
„Пред натпреварот реков дека игравме рамноправно со Арсенал и со Ливерпул. Ако се обидеме и дадеме се од себе, можеме да победиме секого. Верувајте ми, дури и да заостануваме два гола, не е важно. Важно е да продолжиме во истиот дух и да покажеме карактер. Момците го направија токму тоа. Мислам дека нашите вкупни перформанси беа на високо ниво“, додаде Холанѓанецот.
Расмус Хојлунд во триумфот против Астон Вила го постигна својот прв гол за Манчестер Јунајтед во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
