Ерик тен Хаг подготви список од 11 играчи од сегашниот тим кои клубот би можел да ги продадe.
Тоа се Дин Хендерсон, кој најверојатно ќе биде продаден во Нотингем Форест, каде што игра како позајмен, Алекс Телјес, Ерик Баи, Брендон Вилијамс, Ентони Еланга, Ханибал Мабри, Хари Мегваер, Дони ван де Бек, Антони Марсијал и Фред. Кон нив се додава и Давид Де Хеа, кој најверојатно ќе си замине по истекот на договорот со клубот.
Манчестер Јунајтед нема да добие отштета за него, но ќе заштеди многу со платата на Шпанецот.
Од овие 11 играчи кои се пред заминување од клубот, Ерик Тен Хаг се очекува да добие над 100 милиони фунти, пресметуваат медиумите на Островот.
Холанѓанецот треба да добие и околу 120 милиони фунти за нова селекција. На нив ќе се додаде и сумата добиена од продажбата на фудбалерите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго













