Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ги коментираше гласините дека Маркус Рашфорд би можел да го напушти клубот. Во последните денови се шпекулира дека Пари Сен Жермен има сериозен интерес за напаѓачот.
„Тој е многу важен, гледате, од мојот прв ден овде. Не сакам да го загубам. Тој секако е дел од моите планови“, прокоментира Тен Хаг.
„Црвените ѓаволи“ утре гостуваат во Брентфорд, а мечот ќе го пропуштат Антони Марсијал и Виктор Линделоф.
Тен Хаг ја коментираше и состојбата на Кристијано Роналдо, кој најверојатно ќе стартува.
„Имаше добра недела на тренинзи. Сега може две полувремиња да игра. Ќе видиме утре“, истакна менаџерот на Јунајтед.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski