Холандскиот стратег Ерик тен Хаг и дефинитивно ќе биде новиот менаџер на Манчестер Јунајтед. Тој од следната сезона ќе го наследи Ралф Рангник на клупата и ќе добие комплетна одговорност околу идните трансфери и буџет од околу 200 милиони фунти за нови засилувања.
Медиумите на Островот откриваат дека се е договорено за доаѓањето на Тен Хаг на „Олд Трафорд“. Сепак, официјализирањето ќе почека до крајот на сезоната, со оглед дека тој се уште го предводи Ајакс и се обидува да се раздели со нова двојна круна.
Ерик тен Хаг ќе добие тригодишен договор од Манчестер Јунајтед, личните услови веќе се договорени, а на Ајакс ќе му биде исплатена отштета од 2 милиони евра со оглед дека тренерот има договор со клубот до јуни 2023 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













