Иднината на Ерик Тен Хаг на кормилото на Манчестер Јунајтед останува крајно неизвесна, иако „црвените ѓаволи“ денеска ќе имаат можност да ја завршат сезоната со трофеј.
Јунајтед се соочува со градскиот ривал Манчестер Сити во финалето на ФА Купот на „Вембли“. Сепак, според информациите од Англија, Тен Хаг и да го освои трофејот денеска најверојатно ќе биде предвреме отпуштен.
Тоа значи дека Холанѓанецот ќе добие сериозно обештетување. Различни извори тврдат дека сумата што Тен Хаг ќе ја собере во случај на евентуален отказ изнесува дури 9 милиони фунти.
Сепак, тој самиот неколкупати изјави дека е задоволен од работата на чело на англискиот клуб и нема намера да ја напушти функцијата.
Манчестер Јунајтед ја заврши сезоната на осмото место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













