
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, решил на прилично чуден начин да ги казни своите играчи веднаш по завршувањето на градското дерби против Манчестер Сити во кое „црвените ѓаволи“ беа поразени со 0-3. Ги натерал фудбалерите да седат во мир и да ја слушаат прославата на противниците.
Манчестер Јунајтед и оваа сезона игра доста скромно. Седум порази во 14 натпревари сигурно не очекуваа навивачите на овој тим.
Новинарот Нил Кустис открива детали и случувања од соблекувалната на Манчестер Јунајтед по тешкиот пораз во неделата од Сити.
„Кога играчите на Јунајтед се вратија во соблекувалната, тој им нареди да седнат и немо да ги слушаат играчите на Манчестер Сити кои се радуваат во другата соблекувална“, вели Кустис.
„Тој, исто така, сакаше да ги слушнат и гостинските навивачи кои сè уште скандираа за своите играчи, откако целосно го уништија Јунајтед на теренот. Потоа експлодираше и го критикуваше целиот тим за нивниот настап во второто полувреме“, изјави Кустис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
