
Манчестер Јунајтед успеа да го изненади големиот градски ривал Манчестер Сити, славеше на „Вембли“ со 2-1 и го освои 13. трофеј во ФА купот. Ери Тен Хаг стигна до трофеј со „црвените ѓаволи“, а сега веројатно и ќе мора да го напушти „Олд Трафорд“.
Тој не го криеше разочарувањето дека сепак нешто се променило во ставот на раководството, иако му било ветено дека ќе продолжи да го предводи проектот.
„Седнав со тие луѓе на маса, ми рекоа дека вртат нов лист во клупската историја и дека ме сакаат мене како тренер за својот нов почеток. Гледам како одржуваат дел од ветувањата, ќе изградат нов тренинг-центар, но кога станува збор за мене, очигледно нешто е променето. Ако не ме сакаат, ќе си најдам нов клуб со кој ќе освојувам трофеи како што тоа го правам целата моја кариера. Кога дојдов овде, тимот беше во хаос, успеавме да се вратиме во нормала, за две сезони игравме три финалиња, победивме на две од нив“, изјави Тен Хаг.
Како најсериозен кандидат за клупата на Манчестер Јунајтед се споменува Томас Тухел, кој се разделува со Баерн Минхен. Во игра е и Киран Меккена, кој во минатото беше асистент на „Олд Трафорд“ , а сега стана тренерска сензација со успехот кој го направи со Испвич и пласманот во Премиер-лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
