Connect with us

Темни облаци над Дортмунд: Халанд нема да игра до крајот на годината?

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд ја обнови повредата на мускулот, а поради тоа можно е да не заигра до крајот на 2021 година. Ова се најлошите прогнози за нивото на повредата која го мачи напаѓачот на Борусија Дортмунд. Тој играше и недоволно залечен и тоа на крајот предизвика многу поголема штета. Можно е да не биде во тимот на „миионерите“ до почетокот на 2022 година.

Како што откриваат германските медиуми, здравствената состојба на Халанд е сега многу полоша од претходно. Тој ја обнови повредата на мечот против Ајакс во Лигата на шампионите. Претходно, пропушти четири натпревари, но заигра на дуелот против Мајнц во Бундес – лигата.

Доколку се остварат „црните прогнози“, Ерлинг Халанд би можел да пропушти и до 12 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови