Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Доменико Тедеско, одговори на прашањето зошто голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, не е вклучен на списокот за Европското првенство.
Континенталното натпреварување ќе се одржи во Германија, од 14 јуни до 14 јули. Белгија е во групата Е каде ќе се сретнат со Романија, Словачка и со Украина.
„Тибо го познава своето тело подобро од било кој друг. Сè беше јасно од самиот почеток. Дека Куртоа не е доволно подготвен за Европското првенство“, изјави Тедеско.
32-годишниот Куртоа неодамна се опорави од повредата на коленото. Во сезоната 2023/24 одигра четири натпревари за Реал, на кои не дозволи ниту еден гол.
Во летото 2023 година, Куртоа ја напушти репрезентацијата на Белгија пред натпреварот против Естонија (3-0), на квалификацискиот турнир за ЕП 2024. Причина за заминувањето на голманот е тоа што Тедеско наместо него, капитенската лента му ја додели на напаѓачот Ромелу Лукаку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













