
Фудбалската федерација на Белгија потврди дека Доменико Тедеско е нов селектор на сениорската репрезентација.
Откако Роберто Мартинез беше отпуштен по разочарувачкиот настап на Светското првенство во Катар, Белгија бараше вистински наследник. Се споменуваше Тиери Анри, кој беше помошник на Мартинез, но на крајот беше избран 37-годишниот Тедеско.
Тој беше тренер на Шалке од 2017 до 2019 година, а потоа од 2019 до 2021 година го предводеше Спартак Москва, пред да го преземе Лајпциг во декември 2021 година.
Тој стигна до полуфиналето на Лига Европа, но доби отказ на почетокот на следната сезона во 2022/23.
Тедеско нема големо искуство, особено не во репрезентативниот фудбал, па ќе биде интересно да се види како ќе ја води Белгија во тежок момент, кога се подготвува смена на генерациите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
