Connect with us

Тебас: Реал Мадрид има пари да ги купи и Халанд и Мбапе

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека Реал Мадрид има доволно пари да ги купи Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд во исто време. Ваков потег се најавува во Мадрид за наредното лето.


„Реал продаде играчи во износ од 200 милиони евра. Имаат пари да ги спојат Мбапе и Халанд. Не загубија пари, и добро се снајдоа. Не ми е јасно како ПСЖ, кој загуби 400 милиони евра, а има годишен буџет за плата од 500 милиони евра, може да ја одбие понудата за Мбапе“, изјави Тебас.

Тој смета дека начинот на работа на ПСЖ го нарушува европскиот пазар и системот на УЕФА, кои мора да се променат.

„Правилата за финансиска контрола паѓаат во Франција и прават штета на европскиот пазар. Системот на УЕФА е погрешен. Мораме да инвестираме, но не постојани трошоци со постојани загуби. Во други сфери тоа не би било. Приходите на Барселона се нарушени од коронавирусот, но тие не се во лоша финансиска ситуација. Многумина се во полоша ситуација од нив”, дополни претседателот на Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови