Легендата ја напушта Барселона. Лионел Меси веќе нема да го носи дресот на каталонскиот гигант. Поради задолженоста на клубот и преголемиот буџет за плати, Барселона не може да го регистрира Аргентинецот за следната сезона иако постигна договор со него за нова соработка.
Ова е најголемиот шок во историјата на фудбалот, посебно тажен за фановите на Барселона. Дел од навивачите синоќа откако ја дознаа неверојатната информација пристигнаа пред „Камп Ноу“ и преноќија пред стадионот, жалејќи за заминувањето на Лионел Меси.
„Ова едноставно не може да биде вистина“, изјави Педри, верен навивач на Барселона.
Сепак, дојде потврда и од претседателот на клубот, Хоан Лапорта. Ла Лига не дозволува Барселона да влезе во таков ризик, не смее да го лиценцира Лионел Меси и преговорите меѓу клубот и фудбалерот се завршени, а тој бара други опции за продолжување на кариерата.
#FCB🔵🔴
— Diario SPORT (@sport) August 5, 2021
🏟😭Los alrededores del Camp Nou se llenan de aficionados del Barça
💔💔💔 pic.twitter.com/SAZlCPhywP
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













