Англискиот дефанзивец Хари Мегваер откри дека неговиот татко се здобил со повреди на реброто во стампедото што се случи меѓу навивачите на финалето на Европското првенство на „Вембли“.
На интернет кружат видеа кои сведочат за тепачките и турканиците, а во еден од инцидентите бил повреден и таткото на фудбалерот на Манчестер Јунајтед.
„Татко ми беше истуркан и повреден во стампедо на „Вембли“. Заработи повреда на ребрата. Беше страшно, разговаравме и тој ми рече дека е многу исплашен. Не сакам никогаш повеќе да видам такво нешто на фудбалски натпревар, а тоа посебно не доликува на едно големо финале. Разочаран сум, се надевам дека тоа никогаш нема да се повтори“, изјави Мегваер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













