
Македонија ЃП има повеќе од посакуван старт на пролетниот дел од сезоната. Ремито со Шкендија на домашен терен во претходното првенствено коло, како и победата на гостувањето против Беласица во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, носат за „лавовите“ дополнителен мотив за денешниот дуел од 21. коло во ПМФЛ против Вардар.
Од таборот на Македонија ЃП се свесни дека Вардар ја носи фаворитската улога, но стратегот Александар Таневски вели дека тие се подготвени како и досега да играат отворен фудбал и против „црвено-црните“ кој би донел позитивен резултат.
„Знаеме дека Вардар е фаворит, но и ние веруваме во нашите квалитети. Македонија ЃП игра отворен фудбал и така ќе биде и денеска против Вардар. Сакаме да ги искористиме сите наши потенцијали и низ максимално отворена игра да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Зошто да не го изненадиме противникот?“ – вели Таневски пред денешната пресметка на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Правдата на натпреварот ќе ја дели Димитар Мечкаровски, а ќе му помагаа Дејан Неделкоски и Гоце Петрески.
ПМФЛ – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА
Кичево: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ
Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Вардар го доведе младиот голман Зибери

Интернационалци
Селтик сака да го купи Бојан Миовски и да го врати во Шкотска

Евро-фудбал
Интер веќе го знае наследникот на Симоне Инзаги?
