Англискиот репрезентативец Тами Абрахам го напушта Челси и доаѓа во Италија. Тој ќе биде новото засилување за Рома. Жозе Мурињо инсистираше на реализација на овој трансфер, а раководството на „волчицата“ ќе плати 40 милиони евра.
Абрахам нема простор за докажување во Челси каде се очекува враќањето на Ромелу Лукаку. По доаѓањето на Томас Тухел на менаџерската позиција тој падна во втор план и ги загуби позициите што ги уживаше претходно со Франк Лампард. Токму затоа и тој се сложи да замине од „Стемдорд бриџ“ и ја прифати понудата на италијанскиот калчолигаш Рома.
По ова, Един Џеко се очекува да се пресели во Интер и да потпише двегодишен договор со „нероаѕурите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













