Давор Талески е нов голман на Шкендија. Тој потпиша тригодишен договор со тетовскиот тим и е второ летно засилување за клубот после Башким Велија.
„Среќен сум што сум во Тетово и што сум дел од Шкендија. Желбата на секој голман од домашното првенство е еден ден да брани за Шкендија. За мене, ова е голем предизвик затоа што Шкендија игра во европските купови секоја година. Ветувам дека ќе го дадам најдоброто во дресот на овој клуб“, изјави Талески.
Тој дојде од Струга, а претходно бранепе за Пелистер, Брегалница, Победа, Металург и 11 Октомври, како и АЕК Лариса (Грција) и Хонка (Финска).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski