Михаил Талески беше јунакот на Вардар во финалето на Купот на Македонија, постигнувајќи ги двата гола во победата над Струга Трим Лум (2-0) и носејќи му го трофејот на најтрофејниот македонски клуб по пауза од 18 години.
По натпреварот, младиот напаѓач не ја криеше емоцијата и гордоста.
„Среќен сум и мило ми е што победивме во ова куп-финале. Ова е мој прв трофеј на професионално ниво, навистина сум радосен што ги дадов двата гола. Ова е само најава за еден голем Вардар и наши нови успеси, нови почетоци, и се надевам дека ќе продолжиме понатаму така и следната сезона“, изјави Талески.
Ова финале може да се смета како пресвртница за Вардар и можен почеток на нова златна ера за „црвено-црните“.
Со оваа победа, Вардар ја прекина речиси дведецениската „суша“ во Купот и со голема самодоверба влегува во новата фаза – квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, каде ќе настапува заедно со Работнички и Силекс. Македонските тимови ќе бидат меѓу неносителите во првото коло, а ждрепката е закажана за 17 јуни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













