Фудбалерот на Реал Сосиедад, Такефуша Кубо, го продолжи договорот со клубот од Сан Себастијан до јуни 2029 година.
Кубо (22) во Реал Сосиедад пристигна во 2022 година од Реал Мадрид за 6.000.000 евра. Претходно беше член на младинските екипи на Барселона и на Токио.
Во 2017 година, Кубо дебитираше за првиот тим на Токио, а потоа во 2019 година се пресели во Реал Мадрид. Јапонскиот фудбалер не успеа да избори место во првиот тим на „кралевите“, а мадридскиот клуб го испрати на позајмица во Мајорка, Вилјареал и во Хетафе.
За Реал Сосиедад одигра 71 натпревар и постигна 15 гола со 13 асистенции, а до пред неколку дена беше на Азискиот куп во Катар, каде неговата Јапонија беше запрена во четвртфиналето од Иран.
Реал Сосиедад утревечер ќе му гостува на Пари Сен Жермен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













