Connect with us

Тајната на Левандовски е „обратната диета“

Роберт Левандовски се уште е во неверојатна форма и на 33 -годишна возраст. Напаѓачот на Баерн го одржува својот инстинкт за постигнување на гол, за што сведочат седумте гола на четири натпревари што ги постигна и на почетокот на оваа нова сезона.


Една од негвоите тајни за одржување на брилијантна форма е фитнес – режимот зачинет со специјална диета за која е задолжена неговата сопруга Ана. Тоа е всушност „обратна диета“ во која прво се јаде десерт.

Ана Старчуска, сопругата на Левандовски, е светски медалист во карате и нутриционист. Таа е еден од големите столбови на кои се потпира полскиот репрезентативец.

Нивната исхрана исклучува секаков вид брза или пржена храна, кравјо млеко или лактоза и пченично брашно. Покрај тоа, оброците започнуваат од крајот, односно десертот е на прво место. Најчесто се тоа колачиња од чисто какао. После тоа, тие јадат месо или риба и завршуваат со супа или салата.

Ана дипломираше на Варшавската академија за физичка култура и е одличен нутриционист.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови