
Македонскиот првак Струга Трим Лум направи нов огромен успех со пласманот во плеј-офот за групната фаза од Конференциската лига. Ова е многу големо достигнување за клубот основан пред само осум години.
Капитенот Фљамур Таири, е дел од сите овие последовни успеси на Струга ТЛ.
„Јас сум дел од ФК Струга Трим Лум од неговите почетоци и од година во година постигнуваме последовни успеси. Многу сум среќен за пласманот во плеј-офот, тоа е историско достигнување за нас и се надеваме дека ќе продолжиме со успеси и зошто да не се квалификуваме и во групите на Конференциската лига“, изјави капитенот Фљамур Таири на прес – конфреренцијата по синоќешниот меч.
„Секако, за ова достигнување, сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери, бидејќи покажаа невиден натпреварувачки дух, се жртвуваа сите, оние кои играа од првата минута, и оние кои беа вклучени во игра од клупата, покажаа ентузијазам, извонредна подготовка и благодарност до сите“, истакна Фљамур Таири, кој влезе од клупата за резерви во 79.минута, на местото на Мазрекај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
