
Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ ќе ја заврши својата кариера во редовите на холандскиот шампион откако го продолжи договорот до крајот на јуни 2024 година, објави клубот од Амстердам.
Претходниот договор со капитенот на српската репрезентација истекуваше во јуни 2023 година, а тој и покрај најавите дека може да се пресели во Милано, реши да остане во добро познатата средина.
Тадиќ пристигна во Ајакс летото 2018 година од Саутемптон и веќе во дебитантската сезона играше во полуфиналето од Лигата на шампионите. Досега има одиграно 149 натпревари и постигнато 76 голови, а по заминувањето на Матијас Де Лихт беше именуван за капитен на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
