
Душан Тадиќ го изрази своето незадоволство поради тоа што не беше стартер во репрезентација на Србија на мечот против Англичаните (0-1). Тој истакна дека е сигурен дека Србија можеше да даде гол, ако не беше оставен на клупата од почетокот на натпреварот.
Кога станува збор за одлуката на селекторот да не го вклучи во стартниот тим, Тадиќ призна дека му беше тешко да ја прифати. Како што рече, разговарал со селекторот и, иако ја почитува неговата одлука, смета дека како капитен и најдобар играч на тимот треба да го започне натпреварот. Сепак, нагласи дека ќе игра онолку колку што селекторот ќе одлучи и дека е важно тимот да оди понатаму, а не поединецот.
„Ми беше тешко, искренo, многу тешко. Имам добра комуникација со селекторот, но тешко ја прифатив оваа одлука. Прв меч на ЕП, играме со Англија, јас сум капитенот. Без лажна скромност, јас сум лидерот, најдобриот фудбалер во оваа селекција. Секако дека мислам дека требаше да почнам од првата минута… Ја почитувам одлуката на селектoрот, но би можел да направам многу повеќе ако сум 90 минути на теренот. Ако тој мисли дека Душан Тадиќ треба да игра 30 минути, така ќе биде, јас тоа ќе го почитувам… Одиме понатаму, сакаме да се најдеме во следната фаза, тоа е најважно“, изјави Душан Тадиќ.
Драган Стојковиќ Пикси изјави дека Тадиќ останал на клупата само од тактички причини.
„Не е добро ако го рекол тоа“, изјави Пикси кога новинарите му ја пренесоа изјавата на Тадиќ.
„Тоа беше моја одлука од тактички причини, исклучиво од тактички причини“, истакна српскиот селектор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
