Нема да поминат ден или два, и повторно суспензија на терен поради голем инцидент. После Кавадарци, сега на дневен ред и Неготино, поради физичкиот напад на голманот на ГФК Охрид.
„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари,на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино – ГФК Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос, комисијата донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино. Суспензијата стапува на сила веднаш“, информираа Фудбалската федерација на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













