Барселона е во тешка ситуација во Лигата на шампионите по двата порази во првите две кола. Баерн Минхен и Бенфика беа подобри од каталонскиот тим во првите два натпревари, а сега на тимот на Роналд Куман му се заканува испаѓање во групната фаза.
Ова е првпат во историјата на Барселона да загуби бодови по две кола од групната фаза во Лигата на шампионите, па обложувалниците и аналитичарите и го предвидуваат третото место и пласман во нокаут фазата на Лига Европа.
Суперкомпјутерот, алгоритам кој ја зема предвид моменталната форма и вредност на секој тим, пресмета дека Барселона ќе ја освои Лигата на Европа. По поразите од Баерн Минхен и Бенфика, каталонците станаа први фаворити за победа во Лигата на Европа.
По Барселона следуваат Наполи, Сосиедад, Баер, Бетис, Вест Хем на листата на фаворити … Динамо Загреб, каде настапуваат Аријан Адеми и Стефан Ристовски, е 36-ти на листата со помалку од еден процент шанси за освојување на Лига Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













