Eдна од најголемите аналитички спортски куќи во светот, „Статс Перформ“, даде ново предвидување за исходот на полуфиналните натпревари на Европското првенство и ги пресмета шансите на секоја репрезентација за освојување на турнирот.
Суперкомпјутер, кој ја пресметува веројатноста за секој исход со помош на симулатор во кој натпреварите се „извртуваат“ многу пати, а алгоритамот ја зема предвид тековната форма и ELO рејтингот на секој тим.
Според овие пресметки, Италија има најголеми шанси за титулата, дури 39,8%.
Втора по ред е Англија, на која и се дава 10% помалку шанси (29,4). Ова значи дека Италија и Англија би излегле победници во полуфиналните битки, а „аѕурите“ на крајот би го освоиле посакуваниот пехар.
Англија утре во полуфиналето игра против Данска, давајќи им само 8,4% шанси за победа, додека Шпанците се со 22,4%. Италија и Шпанија вечерва во 21 часот ќе ги одмерат силите во првиот полуфинален дуел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













