Романската влада направи голем чекор во пресрет на Европското првенство. Согледувајќи ги желбите на навивачите, одбобри на Националната арена во Букурешт за мечевите од ЕВРО да има присуство на публика со 50% од капацитетот на стадионот. Ова е двојно повеќе од досегашните 25%, што значи дека ќе има и двојно повеќе билети на располагање, она што беше најголема болка за македонските навивачи.
Министерот за млади и спорт на Романија, Едуард Новак, објави дека вчера, на владина седница, било одлучено да се зголеми капацитетот на Националната арена во Букурешт, од 25% на 50%, за време на ЕВРО.
„Вчера одобрив на состанокот на владата 50% од капацитетот на стадионот за натпреварите на ЕВРО. Мислам дека тоа е огромен чекор и мислам дека организаторите ќе ги користат овие бројки. Ние сме отворени за соработка и мислам дека ќе имаме одличен настан во Букурешт“, изјави министерот за млади и спорт на Романија.
Македонија во Букурешт ќе ги игра првите два натпревари на ЕВРО, на 13 јуни против Австрија и на 17 јуни против Украина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













