
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има навивачка поддршка на Европското првенство. Трибините на стадионот во Букурешт за мечевите со Австрија и со Украина треба да бидат исполнети со 50% од капацитетот. Ова го тврди Разван Бурлеану, претседателот на Фудбалската федерација на Романија.
„Имаме разговори со претставниците на владата на Романија и со надлежните во УЕФА и бараме дозвола за сценарио според кое во Плоешти и во Букурешт ќе биде дозволено присуство на публика во рамки на 30% од капацитетот на стадионите. Мечот со Германија во Букурешт на 28 март треба да биде и генерална проба за натпреварите од Европското првенство. Ние посакуваме на мечевите од ЕП во јуни да имаме 50-60% исполнетост на стадионот. Се разбира, со максимална заштита на здравјето на гледачите на трибините. Ќе видиме како ќе се одвива и вакцинацијата во цела Европа и ќе ги чекаме препораките од надлежните здравствени организации“, изјави Разван Бурлеану.
Конечната одлука околу присуството на публика на натпреварите од Европското првенство, УЕФА треба да ја донесе на 5. март. Во игра се четири опции, максимален капацитет, 50% од капацитетот, 30% од капацитетот и без публика.
Македонија првиот меч од квалификациите за Светското првенство во Катар ќе го игра против Романија во Плоешти на 25 март.
Првиот историски настап на Европското првенство е закажан за 13 јуни против Австрија во Букурешт, а четири дена подоцна следи и дуелот против Украина. Потоа репрезентацијата на Македонија ќе се пресели во Амстердам и на 21 јуни ќе игра против Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
