Connect with us

Супер авантура: Атлетик Билбао во 14 дена ќе игра две финалиња во ист Куп

Фудбалерите на Атлетик Билбао се „мајстори“ за Купот на Шпанија. Ќе играат две финалиња во ист Куп за 14 дена.

Поради одложувањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот, Атлетик Билбао на 3 април ќе го игра финалето на Купот на Шпанија кое беше одложено од 2020 година против Реал Сосиедад, а 14 дена подоцна, на 17. април. ќе го игра и годинешното финале против Барселона во Севилја.

Оваа неверојатна авантура фудбалерите на Атлетик Билбао си ја овозможија откако синоќа го елиминираа Леванте на Енис Барди, дури по продолженија славејќи со 1-2 во Валенсија. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови