Судиска комисија при ФФМ ги разгледа спорните моменти од 19 коло на ПМФЛ и донесе заклучоци.
На натпреварот ФK Шкупи – ФK Шкендија, одигран на 19.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 35 минута.
Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
35 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА и ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА
(Недосуден слободен удар)
Играч од екипата на домаќините додаде топка странично од голот на гостите блиску до аут линијата, соиграчот коректно и без да направи движење за слободен удар се загради од противничкиот одбранбен играч на гостите, ја центрираше топката и друг соиграч постигна гол. Исправна одлука и добра соработка на главниот судија со вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејки градењето на играчот од екипата на домакините беше регуларно и коректно.
На натпреварот ФК Брегалница – ФК Скопје, одигран на 19.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 27 минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Душко Панов и Тоше Ицев.
27 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)
Играч на екипата на домаќините ја имаше во свој посед топката во шеснаесетникот на гостите, играч од одбраната на гостите со лизгачки старт чисто ја изби топката без контакт над играчот на домакините и истиот падна. Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки стартот на играчот од одбраната на гостите беше исправен и на топка.
На натпреварот ФК Победа – ФК Работнички одигран на 19.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 88 минута.
Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Дејаноски.
88 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката, на осумнаесет метри централно од голот на домаќините и се наоѓаше во очигледна шанса за гол (сам пред голман), предпоследниот играч од одбраната на домаќините направи старт на ногата на играчот од гостите и направи прекршок, спречувајки го играчот во очигледната шанса. Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостите и доделен ЦРВЕН картон за играчот на домашната екипа за недозволен старт и спречување очигледна шанса за гол.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска комисија ги разгледа и спорните моменти од 16 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе
следните заклучоци:
На натпреварот ФК Вардар – ФК Арсими одигран на 18.02.2023 година анализирани се
ситуациите од 22, 23 и 29 минута.
Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошен судија: Кристија Џонов и Ристе Ѓорѓиев.
22 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од единаесет метри).
Играч на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините и странично блиску до корнер линијата, играчот од одбраната на домаќините направи минимален контакт и без интензитет над напаѓачот на гостите, при што истиот падна и топката излезе надвор од теренот за игра. Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.
23 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од единаесет метри).
Играч на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините, истиот играч падна без контакт од противнички играч сакајки да изнуди удар од единаесет метри.
Исправна одлука на главниот судија, досуден индиректен слободен удар против играчот на гостите за неспортски однос (симулација за удар од единаесет метри).
29 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од единаесет метри). Играч од екипата на домаќините додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на гостите, во моментот соиграчот кога ја примаше топката, беше влечен со раце од позади грб од играч на екипата на гостите и спречен да игра со топката. Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од единаесет метри за екипата на домакините за недозволен старт (влечење) и доделен жолт картон.
На натпреварот ФК Слога Виница – ФК Борец одигран на 18.02.2023 година анализирана е ситуацијата од 48 минута.
Главен судија: Марјан Младеновски. Помошен судија: Филип Ицковски и Филип Николов.
48 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
На средината на теренот, по топката тргнаа два противнички играчи, играчот од гостите сакајки да ја удри топката со глава, беше фаулиран на груб начин со високо подигната нога (отворен ѓон) во пределот на главата (вратот) од играч на екипата на домакините. Исправна одлука на главниот судија, досуден е слободен удар за екипата на гостите и доделен. ЦРВЕН картон за играчот на домаќините поради груб старт (удар со високо подигната нога – отворен ѓон) во пределот на главата (вратот).
На натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево одигран на 18.02.2023 година анализирана е ситуацијата од 45+3 минута.
Главен судија: Фуркан Идризи. Помошен судија: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески.
45+3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите додаде долга топка кон соиграч на дваесет и пет метри од голот, соиграчот пред да ја прими топката во свој посед и да излезе сам пред голманот во очигледна шанса за гол, беше повлечен за рака/рамо од претпоследниот играч на екипата на домаќините и спречен да продолжи да игра со топката.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостите и доделен ЦРВЕН картон за играчот на домакините, за спречување очигледна шанса за гол.
На останатите натпревари од ВМФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski