Себастијан Колтеску, четвртиот судија на мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир предизвика расистички скандал откако во комуникација со главниот делител на правдата го нарекол Пјер Вебо – „негру“. Тој се правдаше дека тоа на романски јазии значи „црно“ и не е расистичка навреда, а сакал да асоцира на кого главниот судија Овидиу Хатеган треба да му додели црвен картон.
Сепак, комуникацијата ја слушнале од стручниот штаб на Башакшехир по што се случи вистински скандал. Најжесток во реакциите беше Демба Ба и во прв момент сите помислија дека навредите се изречени кон него.
Романските медиуми откриваат дека Себастијан Колтеску е контроверзен судија со нестабилен карактер кого УЕФА одлучила да го симне од листата уште пред 18 дена, а ова требало да му биде последен меч. Тој пред 12 години имал и обид за самоубиство и тоа било голема афера во романскиот фудбал.
Мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир е одложен за вечерва, со почеток во 18.55 часот, а ќе бидат делегирани други судии.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













