
Реал Мадрид го победи Лајпциг на гости со 0-1 со голот на Брахим Дијаз, но една од главните теми е судењето. Во третата минута беше поништен голот на Бењамин Шешко, бидејќи Хендрикс од пасивен офсајд влијаеше на голманот Андриј Лунин.
Вистина е дека тоа се случи, во смисла дека беше во недозволена позиција, но далеку од движењето на топката, па дури и да не стоеше таму, Лунин апсолутно не можеше да реагира на друг начин и да се телепортира кон другиот дирек за да одбрани.
Со тоа се согласи и познатиот шпански судија Матеу Лахоз, кој летово се пензионираше.
Да биде уште поинтересно, тој е најомразен во Каталонија бидејќи секогаш се „наклонуваше“ кон Реал, а сега даде сосема поинаква изјава.
„Да бидеме фер и искрени. Ова е лудост. Чисто лудило! Ова не е фудбал“, изјави Лахоз како гостин аналитичар на телевизијата „Мувистар“.
Реваншот е закажан за три недели, иако малкумина веруваат дека Германците можат да возвратат во Мадрид. Сепак, доколку овој гол не беше поништен, можеби сѐ ќе беше поинаку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
