Многу врева се крена за автограмот што романскиот помошен судија Октавијан Шовре го доби од младата ѕвезда Ерлинг Халанд на мечот меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд. Беше оквалификуван како „непрофесионалец“ кој изразил симпатии кон еден тим. Сепак, вистината е сосема поинаква.
Романската фудбалска федерација потврди дека судијата Шовре долги години е волонтер во хуманитарните акции на Центарот за деца и возрасни со тешки форми на аутизам во Романија. Автограмот на Халанд треба да биде продаден на аукција, а потоа средствата да бидат донирани за помош на децата со аутизам.
Ова дава сосема поинаков поглед на постапката на романскиот судија Октавијан Шовре.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski