Каталонскиот гигант Барселона е пред резултатски колапс во Лигата на шампионите, а тешко им оди на фудбалерите и во Ла Лига. Претседателот Хоан Лапорта сепак нема да го отпушти холандскиот стратег Роналд Куман пред тешкото гостување во Мадрид против Атлетико в сабота.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, се уште е поврзан за неговиот поранешен клуб Барселона. Со солзи ја напушти Барса, а потоа ја освои титулата во Шпанија со Атлетико. Тој открива дека ситуацијата на „Камп Ноу“ изгледа алармантно.
„Тензијата што постои меѓу тренерот Куман и претседателот на Лапорта го разделува клубот и прави војна која ги повредува играчите“, изјави Суарез.
Тој има совет и до Чави Хернандез, да не го презема тимот во оваа ситуација.
„Мислам дека не е време тој сега или утре да го преземе тимот. Мислам дека е мудар и добро ја знае ситуацијата, мора да го чека вистинскиот момент. Тој има пријатели во клубот, а враќањето на „Камп Ноу“ во некој друг момент би бил вистински потег за него“, изјави Луис Суарез за каталонскиот „Спорт“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













