Луис Суарез му ја донесе титулата на Атлетико Мадрид со голот против Валјадолид и на најдобар начин му се заблагодари на клубот кој веруваше во него во моментите кога се раздели со Барселона. Тој вели дека бил потценет на „Камп Ноу“ и затоа решил да го напушти клубот.
„Барселона не ме ценеше, а Атлетико ми ја отвори вратата. Јас секогаш ќе бидам благодарен на овој клуб што веруваше во мене. Многу луѓе страдаа заедно со мене. Сопругата и децата најмногу, секој ден. Ова е година кога најмногу страдавме. И затоа навираат солзи, затоа што оваа титула е награда за тоа штого поминавме. Атлетико Мадрид беше најконстантен тим во Ла Лига и заслужено сме шампиони“, рече низ солзи Суарез.
Уругваецот беше запрашан како Меси ќе реагира на сето ова, а тој одговори:
„Меси ќе биде среќен затоа што сме пријатели”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













