
Струга Трим Лум ја прекина серијата порази го совлада Работнички на арената „Тодор Проески“ со 1-3, во воведниот натпревар од 25. коло во Првата фудбалска лига. Тоа е трет последовен пораз за „романтичарите“ кои не успеаја да се подигнат и по паузата.
Абдулхади Јахја во 13.минута го отвори резултатот откако одлично се снајде во центаршутот на Буњамин Шабани.
Во второто полувреме, Драшко Ѓорѓевиќ направи прекршок во шеснаесетникот, а Шабани од пенал зголеми на 0-2 во 49.минута.

Работнички ги врати надежите дека може да избегне пораз по погодокот на Момчило Рашо во 61.минута. Зејнулаи нафрли од слободен удар, а Рашо со удар со глава ја затресе мрежата на Талевски.
Марио Станковски имаше шанса за израмнување, одлично шутираше со глава, но Талевски успеа да одбрани. Во моментите кога Работнички тргна по израмнување, следуваше противнапад на стружани, а Омар Џобе во 81.минута го потврди триумфот на гостите.
Со оваа победа, Струга ТЛ се искачи на седмата позиција со 33 бода и го прескокна Работнички кој е на осмото место на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
