Connect with us

Струга ТЛ во финишот го скрши Тиквеш, Беса е „млада“ за Шкендија, триумф на Работнички, само реми за Шкупи

Актуелниот шампион Струга Трим Лум со минимален триумФ (1-0) против Тиквеш на домашен терен ја отвори новата сезона во Првата лига. Стружани сѐ уште се во шок по заминувањето на првиот стрелец Бесарт Ибраими, но, во финишот успеаја да пронајдат решение за одбраната на кавадарчани. Басиру Компаоре во 89.минута ја погоди мрежата на Тиквеш за три бода на стартот.


Шкендија славеше на гости против Беса со 1-3, а изненадувањето на денот го приреди Воска Спорт која ремизираше со Шкупи (3-3) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Фитон Адеми беше стрелец на првите два гола, во 11. и во 21.минута, а потоа Ремзифаик Селмани намали од пенал во 35.минута. Во 63.минута, беше досуден пенал и за Шкендија, а го реализираше Бесарт Ибраими.

Џемал Ибиши го доведе Шкупи во водство од 1-0 во 14.минута, но потоа како избраниците на Ернест Ѓока да помислија дека сѐ е решено. Јахја успеа да израмни, а потоа следеа уште два гола за гостите во вториот дел преку Осеи и Ибраими. Но, и Шкупи се врати делумно и успеа да не загуби. Погодија Гуеје и Едмундсон за конечни 3-3.

Работнички успешно го отвори првенството со триумф од 1-0 против Силекс на арената „Тодор Проески“. Стрелец на победничкиот гол беше Кристоџеј Дејли во 45.минута од натпреварот.

Пелистер и Гостивар во Битола ремизираа 1-1. Алпер Потук го доведе Гостивар во водство во 36.минута, а израмни Александар Ристевски во 45.минута.

Брера и Вардар го затвораат првото коло со натпреварот кој е закажан од 20 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

ПРВА ЛИГА, 1. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 1-0
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-0
БЕСА – ШКЕНДИЈА 1-3
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР 1-1
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ 3-3
БРЕРА – ВАРДАР (20 ЧАСОТ)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови