
Струга Трим Лум покажа дека оваа сезона ќе биде тим со шампионски амбиции, а по четирите последовни победи сака да оствари и уште еден успех. На крајбрежјето ќе гостува Силекс, кој исто така има одличен старт на сезоната откако се врати во елитата.
„Атмосферата во тимот е одлична, посебно по триумфот во неделата против Шкендија. Го респектираме Силекс, но знаеме дека нема да биде лесно. Сепак, Струга ТЛ сака и петта победа по ред“, изјави Фатјон Јусуфи.
Македонија ЃП е домаќин на Работнички. „Лавовите“ имаат промени во тимот, замина „моторот“ Сефер Емини, а дојдоа Ѓорѓи Стоилов и Александар Исаевски. „Романтичарите“ во минатото коло стигнаа до првиот триумф во новата сезона.
„Работнички, според мене, секогаш важел за една од подобрите екипи во македонската лига, така е и во моментов. Ние сме подготвени за надигрување и знам дека сите ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до победа“, изјави голманот на Македонија ЃП, Христијан Стевковски.
Шкупи е голем фаворит на домашен терен против Победа, исто како и Академија Пандев на дуелот против Скопје. Во Кавадарци, Тиквеш ја пречекува Шкендија.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО (16 часот)
ШКУПИ – ПОБЕДА
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
