Connect with us

Струга ТЛ поразена и во Охрид од Слован Братислава (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Струга Трим Лум го загуби реваншот од Слован Братислава во Охрид со 1-2 и со вкупен резултат 3-6 е елиминиран од квалификациите за Лигата на шампионите. Сега Струга ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига, каде ќе игра против ерменскиот тим Пјуник.

Слован Братислава потврди дека е поквалитетен противник од Струга ТЛ во целиот двомеч.

Владимир Вајс Јуниор го донесе Слован во водство во деветтата минута. По асистенција од Стрелец, тој успеа да мине неколку играчи на Струга ТЛ и го надмудри домашниот голман.

Во 34. минута, Кире Ристевски по дуелот со Давид Стрелец во својот шеснаесетник, обидувајќи се да расчисти, си постигна автогол.

Во завршницата, Басиру Компаоре постигна почесен гол за Струга ТЛ во 85.минута. Тој со удар со глава ја затресе мрежата на Слован Братислава по центаршутот на Масааки Такахара.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови