
Шампионот Струга ТЛ е поразен на Чаир. Шкупи славеше со 2-0, со головите на Куевен во 52.минута и на Арби Воша во 90.минута.
Стружани половина час играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Христијан Георгиевски, а Кристијан Трапановски во 63.минута не реализира пенал. Сепак, Арби Воша во 90.минута го потврди триумфот.
Шкендија падна од врвот на табелата откако не помина убаво во Гостивар. Тимот на Ардијан Нухиу во финишот се спаси од пораз и одигра 2-2. Ијаји Атиемвен го отвори резултатот во 12.минута, а израмни Енур Тотре од пенал во 24.минута. Сепк, Алпер Потук во 45.минута постигна втор гол за Гостивар. Шкендија се спаси од пораз во 89.минута со голот на Клисман Цаке.
Брегалница и Вардар ремизираа без голови. Штипјани не успеаја да слават, а најтрофејниот клуб и натаму е на дното на табелата.
Работнички славеше во пресметката против Тиквеш. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, мечот заврши со триумф на “романтичарите” од 1-0. Атдхе Мазари во 21.минута го искористи невниманието во гостинската одбрана и го постигна победничкиот гол.
Во Кратово, Силекс оствари триумф над Воска со 4-2. Марко Ѓорѓиевски беше двоен стрелец за Силекс, серијата ја отвори Зајиќ, а погоди и Каланоски. Двата гола за Воска ги постигна Марушиќ.
Вчера, Македонија ЃП славеше против Брера со 1-0.
РЕЗУЛТАТИ ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 2-2
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0-0
ШКУПИ – СТРУГА 2-0
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1-0
СИЛЕКС – ВОСКА 4-2
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕРА 1-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal